Разговорите меѓу претставниците на политичките партии потписници на Договорот од Пржино со амбасадорите на САД и на ЕУ, според портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, се прекинати.

silegov

– Секогаш кога ќе дојдеме до двете болни теми за ВМРО-ДПМНЕ, а тоа се прочистување на Избирачкиот список, односно 330.000 спорни записи и регулирање на медиумската сфера, во тој момент доаѓа до прекин на преговорите од страна на ВМРО-ДПМНЕ, тврди Шилегов одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција.

Според него, на средбите се разговара за уредување на условите согласно договорот од Пржино коишто останале отворени, но не одговори кога ќе продолжат разговорите.

Уставен во “ултимативниот рок” не се произнесува за уставноста на СЈО, сега се на ред “шарените револуционери”

– Тоа се Избирачкиот список и регулацијата на медиумите. Останатите одредби од договорот, доколку се постигне договор за оваа работа ќе морат да бидат применети, рече претставникот на СДСМ./MИА

Слични содржини