Ширењето на „Пластичарската улица“ во изборните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ

од desk2
80 прегледи

Во насока на подобрување на сообраќајот во Скопје, во новата изборна програма 2017-2021 е предвидена реконструкција и проширување на улицата „Никола Карев“ или популарно наречената „Пластичарска улица“.

Деталите за овој проект денеска на прес-конференција ги соопштија кандидатите за градоначалници на Град Скопје и општина Чаир на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Коце Трајановски и Нермин Теловска.

– Улицата „Никола Карев“ е тесно сообраќајно грло во Скопје каде што се создава голем сообраќаен метеж. Со овој проект се предвидени реконструкција и проширување на постојаниот коловоз во должина од 1200 метри, поточно на потег од клучката кај Бит пазар па сè до крстосницата кај амбасадата на САД . Со реализацијата на овој проект ќе се добие ново сообраќајно решение со четири коловозни ленти, нови пешачки и велосипедски патеки, а ќе се реконструира и атмосферската и фекалната канализација – кажа Трајановски.

Кандидатот за градоначалник Трајановски потенцираше дека ова е само дел од големиот број нови капитални инфраструктурни проекти што се предвидени во изборната програма да се реализираат на територијата на општината Чаир, а како најважни ги издвои реконструкциите на улиците Македонско-косовска бригада, Ферид Мурати, Лазо Трповски, довршување на реконструкцијата на улицата Втора Македонска бригада и многу други./Макфакс

Слични содржини