Штериев околу случувањата со претресот во домот на Панчевски

од desk2

Случувањата со претресот на домот на екс претседателот на Кривичен, Владимир Панчевски, се дел и од вечерашното издание на „360 степени“. Дали гевгелискиот суд можел да издаде наредба за претрес на Панчевски и на низа прашања околу законските процедури, одговара претседателот на Советот на јавни обвинители, Коле Штериев.

 

„За мене на прва топка, е ајде да речеме дискутабилно. – Зошто? – Затоа што досега таква пракса немало. – Има една одредба во законот за кривична постапка којашто вели дека ненадлежниот суд, да претпоставиме гевгелискиот е должен да ги преземе оние дејствија во постапката за кои постои опасност од одлагање. – Дали може оваа одредба да го покрие тоа, не сум сигурен. Но, ќе разберете дека тоа обвинителство постапува во едни околности, веројатно процениле дека потреба од итност. “ – вели Коле Штериев – претседател на Совет на јавни обвинители./Алсат М

Слични содржини