Силен земјотрес на Камчатка

од Vladimir Zorba

Жителите на некои населени места на полуостровот Камчатка  почувствувале земјотрес, чиј интензитет бил 5,0 степени според Рихтеровата скала, соопшти APA. Епицентарот на потресот се наоѓал во Тихиот Океан и бил лоциран на 120 километри од градот Петропавловск Камчатскиј,  во Руската Федерација. Тој бил на длабочината од 33 километри. Нема информации за жртви или причинета материјална штета, како опасност од цунами.

Слични содржини