Кандидатот за претседател на ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, повторно одби да се соочи со прашања на граѓани, кои како што велат од нејзиниот штаб, биле несоодветни. Иако таа викендов изјави дека е подготвена да одговара на прашањата на граѓаните, овојпат таа ги премолча прашањата на читателите на МИА.
Како што објави Медиумската информативна агенција (МИА) исти прашања биле понудени на двајцата кандидати, Пендаровски одговорил, Силјановска-Давкова не. Ви го пренесуваме делот од МИА каде се појаснува постапката:
-Пендаровски одговараше на прашања поставени од граѓани на Фејсбук страницата на МИА, но и на прашања составени од редакцијата на Агенцијата. На истите прашања и дадовме можност да одговори и на кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова, го известивме нејзиниот штаб за идејата двајцата кандидати да одговорат на прашања на граѓани и на редакцијата на МИА, но од нејзиниот штаб ни кажаа дека Силјановска нема да одговара на нив, бидејќи прашањата не биле соодветни.“
Во моментов најважно е да имаме кристално чист, демократски, фер и транспарентен избор на претседател на државата, одговри Пендаривски. Поинаку не можеме да добиеме датум за преговори со Европската Унија, вели Стево Пендаровски, кандидатот за шеф на државата поддржан од СДСМ и коалицијата во интервју за МИА, кое Силјановска го одбегна.
За начините на кои ќе ги мотивира да излезат на гласање граѓаните кои не излегоа во првиот круг, за тоа како планира да ги привлече за него да гласаат, оние кои во првиот круг го поддржаа Блерим Река, за адутите што смета дека ги поседува, но и за неговите слабости, за можните сценарија на ДУИ во вториот круг од гласањето зборувавме меѓудругото со Пендаровски во ова интервју.
Одговори и на прашање дали најновите случувања во Исламската верска заедница би можеле да се одразат на излезноста, при што нагласи дека немало обид за никаква интервенција ниту од него, ниту од луѓето, кои се околу него во судскиот систем не само во овој, туку и во кој било друг случај. Тука нагласува дека како политичар и кандидат за претседател не му доликува да ги коментира случувањата во ИВЗ, тие се внатрешна работа на верската заедница и додава дека мора да се почитува секуларниот карактер на државата.
Вели дека оној што ќе биде избран за претседател треба навистина да биде претседател на сите, вклучувајќи ги и оние со различно етничко потекло од неговото и нагласува дека верува оти оние кои во првиот круг го поддржаа Река ќе го препознаат неговиот концепт за инклузивност на сите. Без меѓуетничка кохензија и без почитување на Рамковниот договор, нагласува тој, не може да имаме внатрешна стабилност.
Смета дека голема е можноста тие што не гласале во првиот круг повторно да останат дома, тоа е нивно демократско право, нема да ги притиска да излезат. Но мисли дека овој пат контрастот меѓу политичките опции кои се нудат ќе натера барем еден дел од нив да гласаат.
За своите адути не сакаше да зборува, вели тоа не е благородно, а како своја мана ја спомена преголемата толерантност. Уште вели дека иако е поддржан од партија и коалиција, сепак е непартиски кандидат и дека доколку биде избран за претседател, премиерот нема да може стопроцентно да се потпира на него, дека нема сите негови ставови безрезервно да ги прифаќа. Додава дека тоа е единствен начин за продуктивна кохабитација, се останато е навлегување во категоријата партиски војници.
Погледнете го целото интервју: