– Кандидатот за градоначалник на општина Бутел од редовите на коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ, Велимир Смилевски најави дека ќе работи одговорно и домаќински и оти ќе обезбеди поудобен и поекономичен живот за сите граѓани во општината.
– Идејата е да ја намалиме разликата помеѓу градските и селските средини. Еден од моите клучни проекти е гасификација на општината. Гасот ќе биде присутен во секое домаќинство, училиште и детска градинка кој ќе придонесе сметките за електрична енергија да бидат помали, домовите потопли, а воздухот почист, изјави Смилевски.
Тој додаде дека општината Бутел поради богатењето на функционери од ВМРО-ДПМНЕ и казнувањето на фирми по партиска директива станала една од најсиромашните без канализација со септички јами, пешачки премини и неасфалтирани улици.
Инаку, од штабот на СДСМ во Бутел утринава информираа дека во населбата Расадник во општина Бутел е искршен месниот штаб на партијата. Искршени се прозорците и влезната врата на штабот, искинати постерите и оштетена светлечката реклама.