Со четири погодоци Меси ја предводеше Барселона до максимална петта победа

од Vladimir Zorba

 – Барселона ја оствари петтата победа на исто толку натпревари оваа сезона во Примера, откако синоќа со убедливи 6:1 го совлада Еибар.

Ново шоу на „Камп Ноу“ припреди капитенот на Каталонците Лионел Меси со четири постигнати голови, другите два за домашниот тим ги реализираа Паулињо и Суарез. За Еибар погоди Енрих.

По пет кола во Примера, Барселона е лидер со 15 бода, пред Севиља која има 10 и натпревар помалку. Шампионот Реал Мадрид досега освои само 8 бода и е со натпревар помалку од најголемиот конкурент за трофејот.

Слични содржини