Србија втор противник на Македонија на ЕУРО 2017

од Vladimir Zorba

  Македонската фудбалска репрезентација денес во рамките на 2.коло од група-Б на Европското првенство за играчи до 21 година ќе се сретне со Србија. 

И покрај високито пораз (5:0) на првиот дуел против Шпанија, младите македонски фудбалери одиграа добро и затоа со право очекуваат денеска да го освојат првите бодови.

Селекторот Благоја Милевски на најави дека неговите избраници ќе се обидат да одиграат на нивото од пресметката против Шпанија.

– Ние сме концентрирани единствено на нашата игра, а не на онаа на противникот, иако многу добро знаеме дека имаат одлични поединци кои играат во Англија, Германија, Италија. По поразот од Шпанците им кажав на фудбалерите и натаму силно да веруваат во своите квалитети, да ги држат главите гордо високо. Ќе продолжиме да го негуваме и натаму тимскиот дух во репрезентацијата, слично како што беше и на првиот натпревар со Шпанија, иако високиот пораз носи горчлив вкус. Ќе играме офанзивно секако, затоа што поинаку не знаеме и не сакаме да играме. Ако можевме против Шпанија да имаме 24 успешни напади, сигурно можеме и против Србија, рече Милевски.

Натпреварот ќе се одигра во Бидгошч со почеток во 18 часот.

Слични содржини