Српски платеник од Украина апелираше до Путин: Помогни ми, ми се закануваат 25 години затвор

од Симе Стоиков

Српскиот платеник Александар Јокиќ, кој се бореше на руската страна во Украина, сними видео порака упатена до рускиот претседател Владимир Путин.

Тој се пожали дека нема руско државјанство, поради што може да биде депортиран во родната земја, пишува Лента.ру.

Доколку биде депортиран во Србија, му се заканува затворска казна од 25 години бидејќи учествувал во војна во странска држава. Јокиќ изјавил дека поради воените заслуги добил голем број одликувања, меѓу кои и орденот за ослободување на Мариупол. Тврди дека и тој бил ранет.

Тој рече дека единицата во која се борел е распуштена и дека другите единици одбиле да потпишат договор со него. Тој рече дека би сакал да остане во Русија и да продолжи да ги брани руските интереси во зоната „специјална воена операција“.

Претставникот на Државната дума, Александар Хинштајн вети дека ќе се најде решение.

„Колегите од МВР веќе работат на решавање на проблемот. Србинот ќе добие привремен азил. Ситуацијата е малку посложена бидејќи тој не потпишал договори со Министерството за одбрана, туку со волонтерските формации на Доњецка Народна Република (ДНР)“, рече тој.

Тој додаде дека веќе стапил во контакт со првиот човек на ДНР, Денис Пушилин и дека наскоро ќе испрати петиција до претседателот на Русија за да му се даде руско државјанство на Јокиќ. Тој потврди дека Русија во четири наврати одбила да му даде државјанство на Јокиќ.

На почетокот на јануари, претседателот Владимир Путин потпиша декрет за доделување руско државјанство на странци кои потпишаа договор за служење во руските вооружени сили и членовите на нивните семејства.

Слични содржини