Бегалците и мигрантите денеска се судрија со грчката полиција, која се обидувала да ги отстрани од железничките шини во Идомени, јави АНА.

Granica-Slovenija-Hrvatska-migranti-7-620x350

Грчката новинска агенција наведува дека судирите избиле попладнево, кога полицијата тргнала да ја прекина блокадата на пругата која води кон македонската граница, а која во последните 11 дена е запоседната од бегалци и мигранти кои бараат отворање на границата.

Демонстрантите реагирале насилно кога полицијата ја почнала акцијата и почнале да фрлаат камења кон полицајците.

Судирот уследил откако полицајците уапсиле една жена и ја ставиле во патролното возило, по што бегалците ги нападнале полицијаците и ја извлекле жената од автомобилот. /МИА

Слични содржини