Тарчуловски: Демолирањето на штабот не е од страна на опонентите

од desk2
72 прегледи

Кандидатот за градоначалник на општина Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ Јохан Тарчуловски го осуди демолирањето на партискиот штаб и изјави дека се надева дека се работи за изолиран случај, дека вандалскиот чин не е направен од страна на политичките опоненти.

– Ако денот по утрото се познава, не е на арно. Ноќеска нашиот штаб беше искршен. Веруваме дека тоа не е намерно од опненетите направено туку изолиран случај, од некој кој сака да наштети на изборите. Ќе ги отфрлиме овие проблеми кака неважни. Ние си имаме наша кампања и ќе се држиме до своето“, рече Тарчуловски.

На првиот ден од изборната кампања за локалните избори искршен штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода.

Непознат сторител или сторители го искршиле стаклото од излогот на штабот на најголемата опозициска партија.

Слични содржини