Тарчуловски од Кисела Вода сака да направи модерна и мултифункционална општина

од desk2
73 прегледи

Кандидатот за градоначалник на Кисела Вода, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски, има визија и цел од Кисела Вода да направи модерна и мултифункционална општина.

Најави повеќе проекти, како:изградба на две нови детски грaдинки во населбите, Расадник и Драчево. Комплетно опремени со најсовремена опрема и специјализирани сензор соби за децата со пречки во развој. Изградба на нова училишна спортска сала во ООУ „Рајко Жинзифов“. Бесплатни градинки и дневен престој за децата од еднородителски семејства, со цел заштита на оваа кревка и ранлива категорија.
Потоа, изградба на спортскиот рекреативен комплекс Славија на местото на сегашното фудбалско игралиште, во населено место Пржино. Комплекс кој ќе содржи фудбалски, кошаркарски, ракометни, тениски терени како и стаза за трчање.
Изградба на монтажна катна гаража во населбата Расадник како и нов детски парк. Изградба на повеќе мини детски паркови во урбаните делови на општината.

„ За младите, за иднината на Кисела Вода, ќе отвориме Деловно – Технолошки инкубатор, преку кој ќе се обезбеди помош на лица до 29 години за започнување и развој на својот бизнис и поттик и финансиска поддршка на нивните иновативни проекти. Со воведување на Регистар за компании и невработени, ќе го зајакнеме економскиот стандард на нашите граѓани и општината, на тој начин што ќе посредуваме за вработување на жителите од Кисела Вода во компаниите кои гравитираат на нашата територија“, рече Тарчуловски.
Не ги заборави и пензионерите, за кои најави пензионерски клубови со бесплатен интернет во истите.
„Ќе ја завршиме изградбата на третата фаза од најфрекфентниот бул. „Борис Трајковски”, на потегот од Пинтија до Маркова Река во соработка со Градот Скопје. Ќе донесеме неколку клучни Детални урбанистички планови и ќе ја убрзаме и финализираме легализацијата на дивоградбите.Ќе извршиме реконструкција и асфалтирање на скоро сите улици, улички и локални патишта во општина Кисела Вода“, додаде тој.

Слични содржини