Со поголем број инфраструктурни проекти наведени во новата програма, кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, за град Скопје, Коце Трајановски го побара гласот од жителите на Шуто Оризари. Како најважен го потенцираше проектот за целосната реконструкција на главната сообраќајна артерија во Шуто Оризари, улицата „Индира Ганци“.
– Со овој проект е предвидена целосна реконструкција на коловозот од влезот на општината, на крстосницата со булеварот „Словенија“ до крстосницата со улицата „Гарсија Лорка“, на потег во должина од над 2,5 километри. На оваа улица минатата година за првпат се постави атмосферска канализација, а со овој проект, покрај реконструкцијата на коловозот, планираме да извршиме и реконструкција на тротоарите. Со реализацијата на овој проект, значително ќе се ќе се намалат сообраќајните метежите коишто се создаваат, а ќе се движењето и безбедноста на сите учесници во сообраќајот – кажа Трајановски.
За време на средбите кандидатите за градоначалници и советници разговараа за реализираните проекти во изминативе 8 години, а воедно и презентираа дела од проектите кои што им се предвидени во новите изборни програми. Тука влегуваат реконструкциите на голем број на улици, изградбата и реконструкцијата на голем број на атмосферски и фекални канализациони системи, а најголем проект е секако мега проектот за изградба на нов водоснабдителен систем за оваа општина, кој е во завршна фаза на реализација и за што се инвестирани над 3 милиони евра.