Пекинг официјално го ослободи Трамп. Во официјално соопштение министерот за надворешни работи на Кина објави дека повикот на Цај Ингван е “планиран заговор“.
Трамп објави серија на објави н социјалната мрежа “Твитер”, во обид да се заштити од критиките по повод одржаниот телефонски разговор со тајванската претседател г-ѓа ЦаЈ Ингвен. Повик преку кој новоизбраниот претседател го наруши дипломатското правило, и ризикува да го навлече гневот на Кина. “Претседателот на Тајван ми се јави НА МЕНЕ, за да ме поздрави за освојување на претседателската функција. Благодарам!”, Изјави Трамп во првиот твит . Час подоцна тој истрела и втор во далеку арогантен стил: “Интересно како САД му продава на Тајван воена опрема за милијарди долари, а на мене не ми е дозволено да прифаќам еден повик и честитка”.
Пред тоа Белата куќа исто така побрза да го спаси денот и официјално соопшти дека продолжува да ја поддржува политиката за “единствена Кина”.
Локално.мк потсетува дека порано Трамп стана првиот американски претседател, кој разговараше со тајвански претседател од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Кина и САД во 1979 година Постапката имаше потенцијал да предизвика сериозен јаз во односите на САД со Кина. Според податоците на преодниот тим на Трамп во телефонскиот разговор “двајцата претседатели имаа блиски врски во однос на економијата, политиката и безбедноста”. Информациите покажуваат прекршување од страна на Трамп, бидејќи Кина го смета Тајван за дел од сопствената територија и секој обид на САД да ја поддржи независноста е нетолерирана и го крши “Шангајската договор”. Според документот, САД се согласува со тврдењето дека сите Кинези од двете страни на Тајванскиот Теснец се “една Кина” и Тајван е дел од кинеската територија.