Министерката Мила Царовска во вчерашното издание на Топ Тема посветено на силувањето на 13-годината штитеничка од домот 25-ти Мај ја информираше јавноста дека Јавното обвинителство не постапило во случајот.
Царовска: Институцијата пријавува, до детали ги има извештаите испратени до МВР. МВР издава соопштение дека се обраќа до Основното јавно обвинителство. Без ОЈО да покрене постапка …?
Царовска: Апсолутно. Токму тука затајува системот.
Непостапувањето на ОЈО Царовска го потенцираше и во изјава за Канал 5.
– МВР своите обврски согласно законот ги завршпило. Но, кога стигнува до јавното обвинителство, и се до денеска, нема никаков постапување. За тоа информираат од МВР во своето официјално соопштение – вели Царовска.
Според неа, од Основно јавно обвинителство треба да отпочне одредена истрага за сторителите да бидат казнети.