Турската Влада преку Твитер ги замоли граѓаните да останат на улиците и да ги држат под контрола, бидејќи секој момент може да има нов обид за воен удар

т1
Од турското претседателство соопштија дека секој момент се очекува втор обид за државен удар
Бунтовници продолжуваат да вршат отпор на владините сили во Турција. Имало апади врз зградата на претседателската палата во Анкара , соопшти Ројтерс
Верните на претседателот Реџеп Ердоган војници ја  вратиле контролата врз Армијата и  штабот, а началникот на штабот генерал Хулуси Грини бил ослободен од заробеништво.

Во целата земја се уапсени 1563 војници. Петмина генерали и 29 полковници се отстранети од своите позиции.

По превратот: 90 лица загинаа, 1563 уапсени војници, во Турција парламентот свикан на вонредна седница

Билансот од изминатата ноќ е најмалку 90 убиени и над 1154 повредени цивили, војници и полицајци при судирите во Анкара и Истанбул.

Началникот на полицијата соопшти дека меѓу убиените се 16 од “заговорниците”.

Седиштето на Турската разузнавачка служба била  напаѓана од воени хеликоптери и напаѓан за време на обидот за преврат, пренесоа агенциите, цитирајќи разузнавачки извор. При бомбардирањето  биле повредени три лица. Канцеларијата делува заедно со силите за безбедност против заговорниците во тековните операции во Истанбул и Анкара. Шефот на разузнавањето Хакан Фидан се наоѓа на безбедно место и бил во контакт со претседателот Реџеп Ердоган и премиерот Бинали Јилдирим ноќе на обидот за преврат.

(Фото / Видео )Шокантни моменти: Погледнете како мирни граѓани со голи раце ги нападнаа тенкови во Турција

Претседателот на Турција претходно ги повика приврзаниците на Партијата на правдата и развојот да ја  поддржуваат демократски избраната власт во земјата против обидот за воен удар:

Бунтовници се малцинство во турската армија. Имаме владејачка партија, која е избрана од народот. Имаме и претседател, избран од луѓето. и ако Бог сака, ќе продолжиме да ги исполнуваме долгот до крајот. Нема да оставиме земја на овие криминалци, изјави турскиот претседател набргу откако пристигна на аеродромот “Ататурк” во Истанбул.

Долгогодишниот противник на Ердоган – духовникот Фетулах Гулен, кој живее во егзил во САД, ги отфрли како навредливи обвинувањата на турскиот претседател, дека стои зад обидот за воен удар

Некои аналитичари познзавачи на методите на Ердоган, прогнозираат дека натамошмиот тек може да биде и режиран, се со цел менување на ситемот и уредувањето на Турција и воведување на претседателски ситем на чело со Ердоган.

Слични содржини