Убедлива победа на ПСЖ над Тулуз

од Vladimir Zorba

  Екипата на ПСЖ постигна убедлива победа на последниот натпревар од 3.коло од Лига1 откако синоќа го совлада Тулуз со 6:2.

Стрелци на головите беа: Нејмар (два), Адриен Рабио, Единсон Кавани (пенал), Хавиер Пастор и Лавин Курзава. Гостите од Тулуз имаа водство од 1:0 со голот на Макс Градел, а вториот гол за оваа екипа беше автогол на Тиаго Силва.

ПСЖ со оваа победа заедно со шампионот Монако и Сент Етиен имаат максимални девет бодови.

Комплетни резултати од 3.коло:
ПСЖ – Тулуз 6:2,
Олимпик Марсеј – Анже 1:1,
Лил – Каен 0:2,
Монпеље – Стразбур 1:1,
Ница – Генгамп 2:0,
Рен – Дижон 2:2,
Сент Етиен – Амиен 3:0,
Троа – Нант 0:1,
Олимпик Лион – Бордо 3:3 и
Мец – Монако 0:1.

Табела: ПСЖ 9 бодови, Монако 9, Сент Етиен 9, Олимпик Лион 7, Олимпик Марсеј 7,

Слични содржини