Повеќето од половината жители на Украина се подготвени да се откажат од Донбас запрестанок на вооружениот конфликт, пренесува ТАСС.

украина

Според резултатите од анкетата на центарот “Софија” 61,8% од жителите на земјата сметаат дека најважно е да се прекине војната дури и ако треба да се отстапи територија. Немаат мислење за темата 15,3% од испитаниците.

Во масовната перцепција преовладува мислењето дека власта не прави ништо или прави недоволно за да се прекине војната во Донбас. Дури 12,2% од испитаниците се на мислење дека претседателот и владата прават се за прекин на вооружениот конфликт. Една третина (33,5%) од учесниците во анкетата смета дека власта практично не прави ништо за тоа. Половина (48,7%) признаваат дека власта прави нешто, но очигледно тоа е недоволно, се вели во заклучокот на социолошката агенција.

Слични содржини