Не не прашавте ниту кога го правевете во лето, ниту кога го донесовте пред нова година, ниту сега кога го менувате веднаш уште не почнат. Ви кажавме дека е неприменлив , лош , дискриминаторски- не не слушавте. Денеска  тоа ќе ви го повториме уште еднаш, не може да си играме држава да си правиме закони, секој ден различни, гласај- прегласуј, така  како ќе му се ќејфне на вождот или на неговите пулени. Токму заради тоа денеска  уште еднаш  ПРОТЕСТ,  против плаќањето придонеси за хонорараците за да не слушнете. Собирањето е во 14 часот во Жена парк во Скопје. Демонстрантите ќе се движат од Собрание преку Министерство за труд и социјална политика до Влада и до Слободната студентска зона на УКИМ.
 1959371_1539347503011543_1457398811636618232_n
Потписниците на Повелбата за солидарност за заштита на работничките права, граѓански здруженија, активисти и поединци ги отфрлаат најавите за измени на законите за придонеси за хонорарна работа бараат;
1) Да се повлечат законските измени со кои се воведува плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување за хонорарите
2) Преку засилени инспекции на Инспекторатот за труд да бидат отстранети случаите на прикриен работен однос, односно на наметнатото вршење работа без договор или врз основа на договор за дело, при што на работниците не им се плаќаат придонеси од задолжително социјално осигурување
3) Да се повиши или укине највисоката месечна основица за пресметување и уплата на придонесите од плата кои сега изнесува 6 просечни плати.

Слични содржини