Потсетуваме дека при самоубиствениот бомбашки напад до “Манчестер арена” загинаа 22 лица, а 59 се повредени . Одговорност за нападот ја презеде терористичката група “Исламска држава”.

Британскиот премиер Тереза Меј соопшти дека нападот во Манчестер е еден од најкрвавите терористички акти во Велика Британија, најкрвавиот во Манчестер и во Северна Англија.

“Исламска држава” ја презеде одговорноста за нападот во Манчестер.

12 деца под 16-годишна возраст се меѓу 59-та повредени, кои се однесени во болница.Меѓу жртвите е 8-годишно девојче . Сафи Роуз Русос била на концертот со својата мајка.  .

Британскиот Црвен крст отвори прифатен центар на стадионот “Манчестер Етихад” за семејствата и пријателите за погодените од нападот. Волонтери даваат поддршка на семејствата.

Полицијата ги повикува луѓето да отидат во приемот центар, ако сеуште очекуваат информации или сакаат да бидат споени  со некој кој е во бегство.

Во центарот има 10-12 семејства, информираат од волонтерската организација.

Во соопштението принцот Чарлс изрази својата длабока тага од трагедијата во Манчестер.

“Мојата сопруга и јас бевме силно шокирани кога дознавме за  страшниот настан кој се случи во Манчестер минатата ноќ. Толку голем број на луѓе, вклучувајќи многу млади посетители на концертот, ги загубија животите или се повредени толку многу во оваа ужасна суровост. Сите нас тоа  длабоко ни растажи и ни ги исполни со голема тага “, вели принцот Чарлс.