Ватикан се извини за грешката во брошурата за Мајка Тереза

од Vladimir Zorba
111 прегледи

40C5F4EA-C05A-48F8-BE71-EEC71CB5D306_w987_r1_s

Ватикан се извини за грешката со местото на раѓање на Мајка Тереза, откако реагираше македонската Амбасада во Ватикан. Во брошурата на англиски јазик подготвена од ватиканските власти за канонизацијата на Мајка Тереза беше наведено дека таа е родена во Скопје, Албанија. Државниот секретаријат на Ватикан упати извинување за пропустот. По реакциите, на примероците од официјалните делегации е корегирана грешката. Грешката беше само на англиската верзија на брошурата./РСЕ

Слични содржини