Бројот на загинатите при уништувачко земјотрес во Непал се зголеми до над 4 350 лица, соопштија од Министерството за урбанизам на земјата, објавија “Франс прес”, АП и Ројтерс.  Околу 8 илјади луѓе се повредени . Речиси 100 лица загинаа во соседните на Непал држави. Прогласена е тридневна жалост во земјата.

430x330 (6)

Стотици Непалците се бесни на властите поради бавниот одговор и почнаа сами да ги пребаруваат  за да ги најдат остатоците на своите роднини.

Конечно пристигна меѓународната помош во Хималајската страна , но ширењето е премногу сбавно.Индија и Кина први го поддржаа Непал по катастрофата. САД соопштија дека се обезбедат дополнителни 9 милиони долари помош на Непал – вкупно 10 милиони долари.

ОН соопштија дека земјотресот  влијаеше  на 8 милиони луѓе .Повеќе од 1,4 милиони луѓе имаат потреба од храна.

Најсилниот земјотрес во историјата на земјата е во 1934 година , кога е регистриран земјотрес со интензитет од 8,0 степени по Рихтер. Тогаш Катманду, Бхактапур и Патан се речиси уништени.

Непал е дом на Еверест, највисокиот врв на светот. Во земјата живеат 27,8 милиони луѓе, а во главниот град Катманду – околу 700 илјади. Непал се протега на 147 181 квадратни километри.Таа е една од најсиромашните држави во светот. Повеќе од 80% од населението зависи од земјоделството. Приходот по глава на жител годишно се 656 долари. Околу 25% од населението живее во беда.

НА мрежите се појави нова застрашувачка снимка од земјотресот во Непал снимена е од  туристи од Турција, на плоштадот Дурбар во Катманду. 

Слични содржини