(ВИДЕО) Михајловски и Андов: Груевски да си даде оставка

од desk4
184 прегледи

Александар Михајлоски во „Само Вистина!“ на Канал 5 говори за планот и стратегијата за детронизирање на Никола Груевски во ВМРО ДПМНЕ и за демократските реформи на партијата.

Гостин во „Само Вистина!“ беше и првиот Претседател на Собранието во независна Македонија Стојан Андов кој говорот на Груевски го оценува како говор на очајник и дека треба самиот да си даде оставка.

 Погледајте ја емисијата „Само Вистина!“ за да откриете зошто состанокот во Париз на кој се поканети парламентарци од СДСМ и од ВМРО ДПМНЕ и ќе се одржи во декември. Михајлоски и Андов сметаат дека не се потребни предвремени парламентарни избори и дека тоа е желба на Груевски како можност да се одржи на власт. И двајцата сметаат дека Груевски треба сериозно да ги  свати резултатите од изборите бидејќи во нив е содржан одговорот на базата и партиското членство на ВМРО ДПМНЕ.

Во „Само Вистина!“ предводникот на реформите во ВМРО ДПМНЕ, Михајлоски открива зошто тие доколку ја преземат партијата, нема да се сместат во популарно наречената „Белата зграда-Рајхстагот на груевистите,,.

Слични содржини