95
Екс претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, во интервју за АЛСАТ-М, негираше дека местел предмети во скопска Единица и оти имал увид во АКМИС системот директно од неговиот дом.
Претресот на СЈО го окарактеризира како брутален и надвор од закон. Му одземале насилно два телефони, а врз него била применета и прекумерна сила од страна на полициските слижбеници кои ги придружувале истражителите на СЈО.
Вели дека е подговтен и кривично да одговара за снимката од видео надзорот од неговиот дом, за која што вели дека е доказ за незаконското постапување на тимот на СЈО предводен од Катица Јанева.