(ВИДЕО) Се влошува ли здравјето на Хилари? Страшна кашлица ја мачи Клинтон, а на настан и помагаа да слезе по скали

од desk3
130 прегледи

1475328901-ka

Во петокот Хилари Клинтон повторно започна ѕверски да кашла. Кандидат за претседател на демократите дури се задави за време на говорот во Флорида, а требаше да земе и пилула против кашлица, за да го заврши говорот. “Те сакаме Хилари!”, Извика некој од присутните, давајќи и време да се совземе. “Ти благодарам”, возврати таа.

По првичната кашлица на Клинтон и таа мораше уште цели три пати да го прекине својот говор, поради проблемите во грлото. По завршувањето на говорот, кога таа се упати кон излезот, како што пишува Breitbart News, Клинтон морала да користи помош на нејзин телохранител кој и помогнал да слезе по скали.

Ова е втор пат за оваа недела, во која Клинтон чувствува тешкотии со нејзиниот глас. Откако стана јасно дека Клинтон имала пневмонија, таа не престанува да кашла на настани, а набљудувачи забележуваат дека во нејзиниот поглед има нешто чудно.

Слични содржини