(ВИДЕО) Спасовски: На 15 октомври жителите на Старо Нагоричане ќе си ја вратат општината и ќе изберат живот за сите

од Vladimir Zorba
117 прегледи

Промените што започнаа на 11 декември 2016 година, ќе се заокружат со ослободувањето на секоја општина во Македонија, што е заробена од ВМРО-ДПМНЕ, порача потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски на вечерашниот митинг во Старо Нагоричане.

Пред граѓаните, Спасовски посочи дека секој поединец е важен и дека заврши времето кога некој бил дискриминаран поради политичката определба.

„Заврши времето кога земјоделците не можеа да земаат пензии само поради тоа што не биле блиски до ВМРО-ДПМНЕ и нивните моќници. Сега, за неполни сто дена професионално и неселктивно се исплатени 68 милиони евра на сите земјоделци кои го имаат тоа право“ посочи Спасовски.

Спасовски ги повика граѓаните да дадат масовна поддршка за кандидатката за градоначалник од СДСМ и коалицијата, Жаклина Јовановска и листата за советници во општината и со тоа да стават крај на неодговорното владеење и да си ја вратат општината назад.

Слични содржини