Терорист кој возел камион удрил во толпа луѓе во францускиот град Ница синоќа при што убил најмалку 80 лица, меѓу кои и деца и повредил десетици.4945718

Извршителот на терористичкиот напад во јужниот француски град Ница синоќа пукал од пиштол пред да биде убиен од полицијата. Во камионот со кој беше извршен нападот откриена е неактивирана граната.

Околу 23 часот по локално време голем камион удрил во толпа луѓе кои биле на шеталиште во јужниот француски град Ница и кои очекувале огномет поради национален празник.

Терористот возел околу два километра во толпата.

Бројот на убиените во нападот извршен за време на француски национален празник, според најновите информации е 80. Педесет се повредени од кои 18 во критична состојба. Меѓу повредените се и деца врз кои во Детската болница во Ница се извршени сериозни операции.

Во камионот се откриени документи на 31-годишен маж со двојно државјанество – француско и туниско. Не е познато дали тие се на напаѓачот.

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави утрово во телевизиско обраќање дека бил извршен терористички напад. Во говорот тој додаде дека ја продолжува вонредната состојба во државата за уште три месеци.

– Цела Франција е под закана за исламистички тероризам. Потребно е да направиме се за да бориме со такви напади, нагласи тој. Според него, Франција има намера да ги засили нападите врз исламистите во Сирија и во Ирак.

– Ќе продолжиме со нападите врз оние кои ни се закануваат.
Кинескиот претседател Ли Кечијанг го осуди терористичкиот напад и изрази сочувство до блиските на жртвите.

–Ќе се бориме против сите видови тероризам, нагласува тој во пораката.

Во ноември лани во терористички напади во Париз загинаа 130 луѓе и стотици беа повредени.

Слични содржини