Вечерва по најавената условена оставка на Груевски, изјава даде и лидерот на СДСМ Зоран Заев. Во продолжение погледнете ја изјавата на Заев, кој му порачува на Груевски – Никола, ти не си Македонија!
Денешната изјава на Никола Груевски е директно признание дека поради него и неговата партија не се исполнети клучните делови на Договорот од Пржино и дека тој е причина за политичката криза во Македонија.
Императив на Договорот од Пржино е кристално чист предизборен и изборен процес и тоа мора да се реализира. Човекој кој одлучуваше за животот и смртта, одлучуваше за тоа кој може слободно да живее во Македонија а кој не, човекот кој заедно со неговата фамилија, братучедот Мијалков, кумот Ставрески, узурпираше се’ за свое лично богатење, јасно му е дека на тоа денеска му дојде крајот!
Никола, ти не си Македонија.