Владата задолжи повеќе министерства да формираат комисија за утврдување на штетите во тетовско

од desk2

На седницата на Владата се разгледани првичните информации за последиците од невремето во тетовско, поради излевањето на Поројска река и се задолжени повеќе надлежни министерства за брзо формирање комисија која што ќе излезе на терен за брзо утврдување на настанатите штети, известуваат од владината прес служба.

Истовремено дадено е задолжение на министерствата за транспорт и врски и за животна средина да изготват подетална информација за теренската состојба околу Поројска река, со цел трајно решавање на проблемот за жителите од овој реон.

Слични содржини