ВМРО-ДПМНЕ ги разреши членовите на Штабот за реформи

од desk3

ВМРО-ДПМНЕ ги разреши инцијаторите на реформите. Членовите на Штабот за реформи кои завчера соопштија дека покренуваат инцијатива за промени во партијата, вечерва соопштија дека раководството ги разрешило од нивните места во ВМРО-ДПМНЕ. Разрешен е претседателот на Општинскиот комитет Центар, потпретседателот на Општинскиот комитет Аеродром и се вршело притисок врз членовите на ВМРО-ДПМНЕ, поддржувачи на иницијативата со уцени и закани да се исклучат од групата на фејсбук.

Од Штабот за реформи велат дека нема да запрат со иницијативата и наведуваат дека партијата ќе се врати на членовите и ВМРО-ДПМНЕ нема да биде приватна компанија на еден човек.

Слични содржини