ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на Саша Богдановиќ, кандидат за градоначалник на Општина Центар од СДСМ.
„Саша Богдановиќ со денешните изјави продава магла и празни ветувања. Изгледа Богдановиќ заборава кој беше на власт изминативе четири и пол години и во тие 4 години ништо позначајно не направија за Центар.
Би сакале да го потсетиме Богдановиќ дека на располагање имаа 100 милиони евра, а единствена работа со која можат да се пофалат е екстремно скапата и преплатена Боемска Улица за чија должина од 280 метра платена е 710 илјади евра и ЕДЕН монтажен паркинг позади Буњаковец.
Тие се проектите на Жерновски и Богдановиќ.
Исто така Богдановиќ и СДС имаа на располагање 4 години да направат монтажни паркиралишта, повеќе паркинг места, зелени површини како и нова детска градинка во Маџар Маало. Тоа не го направија. Наместо тоа Саша Богдановиќ тераше матни бизниси со ПОЦ. Само со една фирма во 4 очи склучил договори вредни над половина милион евра. И тоа е вистински скандал.
Времиња на лажни ветувања поминаа. Центарци видоа што сработија Богдановиќ и СДС во изминативе четири години.
Неспособноста, партизираноста, неработењето се главните одлики на Саша Богдановиќ и затоа Центарци ќе го казнат на 15-ти октомври“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.