ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ продолжува да лаже

од Vladimir Zorba

На соопштението од СДСМ реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Лагите на СДСМ беа поразени на избори. Граѓаните не дозволија да им се случи нов 15-ти септември, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Нивните апсурдни предлози, не се ништо ново туку исти лаги од типот на тие дека ќе вработувале по еден член од секое семејство, кои  ги кажуваа во 2002 година.

Истиот овој квази проект аболицираниот криминалец Зоран Заев го имаше во кампањата, па ветуваше и по 500 евра годишно за секое семејство, што е единствено возможно само ако секое семејство троши најмалку по 2.000 евра месечно.

Очигледно дека СДСМ продолжува во манирот на лошиот математичар Заев и граѓаните и јавноста знаат дека аболицираниот криминалец Заев не е по враќањето туку по земањето“, се вели во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини