ВМРО-Народна партија по направената анализа на сите поврзани настани со состојбите околу предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни, соопшти дека нема да учестува на избори на овој датум.

vmro_np

„ВМРО-Народна партија беше подготвена да учествува на изборите согласно препораките на меѓународната заедница кои од нас беа безрезервно прифатени. Скандалозната одлука донесена од претседателот Ѓорѓи Иванов за аболиција на политичари од двете партии, со која се предизвика уште подлабока политичка криза и со тоа го закопа Пржинскиот договор, предизвика жестоки реакции и на внатрешно политички план и на меѓународната заедница. Оваа одлука ја избриша демократијата во Р.Македонија, нанесувајќи огромна штета на севкупните политички процеси во земјата, а со тоа ги уништи до темел односите со ЕУ и НАТО, предизвикувајќи голема разочараност кај нив.

ВМРО-Народна партија заради ова, одлучи да не учествува на предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни 2016 година.

ВМРО-НПа соопштува дека принципиелно нема да се приклони кон ниту една политичка партија, ниту пак има намера да потпишува декларации понудени од било која страна.

ВМРО-НП останува самостоен, независен и суверен политички субјект со препознатлива програма и идеологија што ја разликува од сите останати политички партии во Р.Македонија“, стои во соопштението на ВМРО-Народна партија

Слични содржини