Во Вашингтон, главниот град на САД, човек веќе може неказнето да пуши марихуана.

Ова треба да се случи само во домашни услови, а забраната за пушење на јавни места останува.

655-402-pushene-dim-cigara

Се дозволува уште одгледувањето на канабис во домашни услови, а ограничувањето е до три дрвца од растението на возрасно лице, односно над 21 години.

Дозволено е поседување на мекиот наркотик до две унци (околу 60 грама) за лична употреба кај возрасни.

Ова станува возможно, откако од полноќ стапи на сила одлуката донесена од страна на локалните жители на референдум во ноември минатата година

Така сојузната држава Колумбија се приклучува на државите Колорадо, Алјаска и Вашингтон, кои веќе ја легализираа употребата на марихуаната за задоволство. Во јули во групата ќе влезе и Орегон.

Околу половина Држави во САД ја одобруваат употребата на марихуаната за медицински цели, а во останатите употребата е казнива.

Слични содржини