Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган ги игнорира прашањата на руските новинари за извинување пред Москва за соборување на рускиот авион Су-24.
За време на конференцијата за климата во Париз дописникот на руска новинска агенција го праша Ердоган дали следува Русија да очекува извинување за инцидентот со Су- 24. Преведувачот го преведе прашањето на Ердоган. Турскиот водач не одговори ништо, туку тивко замина упатувајќи се кон турскиот павилјон.
Турција уапси двајца генерали и полковник поради оружјето испратенo кон Сирија
Претходно турскиот претседател, исто така, не одговори на прашањата на новинарите за перспективата на односите со Москва, пренесува tvzvezda.ru.
Прво ќе зборуваме со премиерот и потоа ќе даде изјава, цврсто вети Ердоган.
Планот на Ердоган за средба со руската страна не се оствари. Прес секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков истакна денеска дека нема да има таква средба за време на конференцијата во Париз.