Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 32 до 38 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје слично време, сончево и многу топло со мала до умерена облачност.Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 36 степени.

Поради изразено југозападно воздушно струење и прилив на многу топла воздушна маса, во наредните денови ќе биде уште потопло со натпросечни температури на воздухот. Од четврток до сабота во поголем дел од земјава максималната температура ќе надмине 35, а вдолж Повардарието и 40 степени. Во четврток ќе дува засилен југозападен ветер.

Во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник, поради нагол продор на влажна и посвежа воздушна маса од север, ќе има врнежи од дожд и грмежи. Од понеделник дневната температура значително ќе опадне, за повеќе од 10 степени во однос на претходните денови.

Слични содржини