Меѓу две и три илјади луѓе се собраа на протестот на хонорарците против плаќањето на придонеси,кој започна пред македонското Собрание.

Со транспаренти „Лебот ни го земавте“, „Лоши одлуки носат лоши луѓе“, „Социјална павда“, „Сакаме почитување не сожалување“, хонорарците со свирежи и тапани на кои беше нацртан ликот на Премиерот Груевски,  го искажaa револтот.

photo 2(1)
Лидерката на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Тамара Чаусидис рече дека оваа порака се пренесува преку улица бидејќи досега не се слушнати барањата на хонорарците од надлежните.

Од паркот жена Борец колоната хонорарци  се придвижи кон Владата, а потоа кон УКИМ. Кога демонстрантите стигнаа до влезот на УКИМ синдикалните лидери ставија крај на протестот .

Сепак, група хонорарци без транспаренти и самоиницијативно влегоа на платото на УКИМ во студентската Автономна зона со намера да искажат поддршка за студентите.

– Ние протестот го прогласивме за завршен уште пред влезот на УКИМ, се заблагодаривме за поддршката на полицијата, ги собравме транспарентите и тука ставаме крај нашата рута. Секој што ќе влезе на УКИМ , влегува на сопствена иницијатива бидејќи голем дел од хонорарците сакаат да ги видат студентите, со образложение дека меѓу студентите се и нивни деца браќа и сестри, рече подпретседателот на ССНМ Драган Антоновски.

photo 1(1)

Според последните измени, вработените нема да плаќаат придонеси ако остваруваат месечни хонорарни приходи кои се помали од износот на просечната нето плата во земјата од 21.300 денари.

Тие ќе плаќаат придонеси само на разликата која го надминува тој праг. Невработените, пак, кои примаат хонорари, се ослободени од плаќање придонеси до износот на минималната плата која сега изнесува 9.590 денари и ќе плаќаат придонеси само на износот кој го надминува овој праг.

 

Видео:A1on

Слични содржини