Втората црна кутија на несреќниот “Ербас А320” е употреблива и е во добра состојба. Властите се надеваат дека ќе добијат повеќе индиции за катастрофата која беше причина за смртта на 149 лица во Француските Алпи, соопштија обвинители во Франција, цитирани од АФП.

Image_4693115_126

Првата црна кутија беше пронајдена во денот на самата несреќа и анализата на податоците од неа овозможи на инспекторите да утврдат дека во моментот на несреќата првиот пилот бил надвор пилотската кабина, а вториот пилот се заклучил внатре и најверојатно намерно го урнал авионот.

Францускиот обвинител Брус Робин најави дека состојбата на втората кутија ” дава добра надеж дека таа може да биде употребена”. Таа содржи 500 параметри, меѓу кои податоци за надморска висина, брзината и режимот на моторите. “Покрај тоа, таа може да ги покаже и податоците за преземените пилотски активности на Андреас Лубиц”, рече Робин.

Сите 149 патници и членови на одборот на лет 4U9525 од Барселона до Дизелдорф загинаа, откако авион на Germanwings се урна во Алпите минатата недела. Ова е најкрвавата несреќа на француска земја со децении.

Слични содржини