Од говорницата пред иладниците граѓани на митингот во Скопје Заев се обрати до сите граѓани на цела Македонија до сите етнички заедници, со единственото уверување- Ќе ПОБЕДИМЕ.
Тој ги престави кандидатите на шестте изборни единици.Треба да сме горди, заедно го испишувавме овој историски момент. Вечерва со нас се кандидатите од шесте избирачки листи, рече Заев.
Тој прв го повика Стево Пендарвоски, кандидат за пратеник од 1 ИЕ, кој им се обрати на граѓаните.
„Ние победуваме, кон победата може да не скрши само криминалот. Само СДСМ и Коалицијата може да донесе нова праведна Македонија. Сега е да се биде за сите нас. Јунаци, мој народе газиме на 11 за Република Македонија. Ви ветувам дека не ве лажам овојпат сум сигурен дека победуваме.
Заев го повика генералниот с екретар на СДСМ, Оливер Спасовски од 2 ИЕ..
„Сите сме сплотени заедно во оваа историска борба, рушење на режимот и живот во Македонија. На 11 декември ќе ја вратиме правдата,ќе славиме за живот во Македонија, рече Спасовски.
Поздрав на другата страна од мостот Гоце Делчев, рече Заев, па го престави Љупчо Николовски од 3 ИЕ.
„Носиме живот, квалитетен и висок стандард за сите граѓани. Затоа одлучивме, парите ги насочуваме, ги враќаме кај граѓаните, да одбереме иднина и победа“рече Николовски.
На митингот се и заменик претседателот на СДСМ Радмила Шеќеринска.
„Ова е држава што припаѓа на сите подеднакво, на оние кои можат с е и на оние кои им треба нашата помош. Оваа држава им припаѓа најмногу на младите кои ќе ги задржиме во државата. На 11 декември институциите ги враќаме кај граѓаните. Ќе има победа“, рече Шеќеринска.
Пред граѓаните се обрати и Петре Шилегов од 6 ИЕ.
„Си го враќаме животот и си ја враќаме слободата, победуваме затоа што сите имаме исти потреби. На мојата рака погледнете сите прсти се различни но, ако ја стегнеме и се обединиме-Нема сила што може да ја победи оваа тупаница, “рече Шилегов.
Нема ништо посилно од волјата за живот, имаме надеж, имаме план за живот за Македонија. Ќе има живот во нашата Македонија, рече Заев пред граѓаните.