Заев: За поздравување одлуките за оставки на членови на Aнтикорупциска

од desk2
567 прегледи

Премиерот Зоран Заев денеска ја поздрави одлуката на дел членовите од Државна комисија за спречување на корупција (ДКСК) да поднесат оставки.


– Можеме да ги ослободиме институциите доколку бидеме транспарентни, отчетни и доколку преземеме одговорност, макар и етичка. Убеден сум дека на Македонија и треба сериозна Антикорупциска комисија, која ќе почива на сите потребни меѓународни пракси и ќе биде будното око на следење на извршната власт и на се што има допир со народните пари, рече Заев.

Според него на Македонија и треба институција која ќе биде за пример и која ќе биде еден од најголемите коректори на слабостите на системот во насока на севкупната определба за борба против корупцијата.
Претседателот на Државната комисија за спречување на корупција Игор Тантуровски денеска поднесе оставка, потврдија за МИА од Антикорупциска. Тој изутрината ја доставил оставката до Собранието. Оставка вчера поднесе и членот на Комисијата и нејзин поранешен претседател Горан Миленков, кој беше првиот што се повлече од функцијата, откако пред неколку дена беше објавен скандалозниот извештај од внатрешната ревизија направена во Комисијата.

Во извештајот се наведени сомневања за исплата на фиктивни патни налози и трошења на буџетски пари.
За извештајот на ревизорите за Антикорупциска, истрага отвори Јавното обвинителство, а парламентарното мнозинство ги повика членовите да си поднесат оставки или ќе биде иницирано нивно разрешување во Собранието.

Слични содржини