Замислете! Шведска министерка поднесе оставка поради возење во алкохолизирана состојба

од desk3
149 прегледи

 

Шведската министерка за образование со босанско потекло, Аида Хаџиалиќ денеска поднесе оставка откако полицијата ја запрела со возило и утврдила дека има 0,2 промила алкохол во крвта.

аида

– Знам дека многумина се разочарани во мене. И јас сум сама лута на себе и многу жалам поради се ова, истакна Хаџиалиќ на прес-конференција, оценувајќи дека ја направила најголемата грешка во животот.

Таа објасни дека испила само две чаши вино, верувајќи дека алкохолот ќе исчезне од нејзиниот организам пред да влезе во автомобилот.

Хаџиалиќ го привлече вниманието на медиумите како најмлада министерка во шведската Влада, која дојде на функцијата во 2014 година./MИА

Слични содржини