Започна втората средба меѓу претставниците од студентскиот и професорскиот пленум, министерот за образование Абдулаќим Адеми, заменик Спиро Ристовски , вицепремиерот Зоран Ставрески и ректорот на УКИМ Велимир Стојковски.

11008885_588363481263928_1607372923_n-702x336

Во работната група пристуствува и претседател на Студентскиот парламент, Кирил Спироски чиј мандат истече уште во октомври минатата недела.Многумина го оспоруваат неговиот легитимитет.

На оваа средба треба да се допрецизираат начините за работа на работната група која ќе работи на нов закон за високо образование.
-Првата средба не беше од одлучувачки карактер. Ние баравме интегрално нов текст на законот за високо образование. Аргументите беа изнесени за тоа и средбата заврши со договор да имаме следна средба, потенцирам не беше ништо одлучено. Секоја од четирите преговарачки страни требаше да се исконсултира со својата база за да се дојде на следна средба со заклучоци, изјави Ивана Туфегџиќ, член на Студентскиот пленум.

Слични содржини