Француските власти соопштија дека завршија операциите за пронаѓање на посмртните останки на загинатите во катастрофата на авионот на Герман вингс, кој се урна на 24 март во француските Алпи, јавува дописникот на МИА од Париз.

Јавниот обвинител на Марсеј Брис Робин, изјави дека се утврдени 150 профили на ДНК од вкупно 2000 посмртни остатоци од 150-те патници и членови на екипажот. Сега се потребни уште три до пет недели за да се идентификуваат на кого тие остатоци му припаѓаат со споредба на примероците анте-мортем и пост-мортем.

Во планината во која копилотот на Андреса Лубиц намерно го урна авионот, според заклучоците од двете проучени црни кутии на Ер басот А 320, пребарувањето по остатоците од телата на загинатите се прекинати, но не и целата операција на пребарување.

– Пребарувањето по телата е завршена, но таа по личните предмети на загинатите продолжува- изјави портпаролот на префектурата.

Луфтханза исто така задолжи едно специјализирано претпријатие да ги отстрани од местото на несреќата сите делови од авионот, под контрола на јавниот обвинител и експерт задолжен за еколошката контрола на операцијата.

Отстранувањето на деловите од авионот, кои се сметаат за најзагувачки ќе започне во текот на идната недела, а потоа и чистењето на планинската зона. Операција која може да трае два месеци, смета генералот Давид Галтие, командатот на жандаремријата за овај регион и одговорен за диспозитивот.

Бирото за Истраги и Анализи (БЕА) на цивилната авијација, откри дека според првите анализи на параметрите на летот, потврдена е тезата дека станува збор за намерен акт на копилотот. Откако преслушувањето на снимката од разговорот во пилотската кабина заклучи дека копилотот Андреас Лубиц се затвори самиот во пилотската кабина. Анализата на параметрите на летот дозволија да се утврди дека копилотот намерно ги променил инструкциите на автоматскиот пилот и го урнал авионот во планината.

Судската истрага која се води во Германија, заедно со таа во Франција за „убиство со умисла“ ја потврди оваа теза, при што се откри дека Андреас Лубиц криел дека е на боледување, со што би бил спречен да лета на денот на катастрофата./MИА

Слични содржини