Граѓанското движење „Протестирам“ вечерва од 19 часот по шести пат ги одржа протестите во Прилеп. И овој пат протестот почна на плоштадот „Александрија“ каде под мотото „Нема Правда нема мир“ беше искажан револтот, од, како што истакнаа, режинската власт.
download (1)
Филип Попоски од движењето „Протестирам“ ги прочита нивните барања, меѓу кои, повлекување на одлуката за аболиција и оставка на претседателот Иванов, поништување на одлуката за избори на 5 јуни и СЈО да ги оформи предметите и да бидат покренати обвиненија, а во меѓувреме да се формира преодна влада.
Протестите продолжија по булеварот „Гоце Делчев“ до споменикот „Карпалак“ и завршија пред зградата на локалната самоуправа каде на објектот фрлаа и јајца.

Слични содржини