Жбогар: Владата покажува одлучност да најде решение за спорот со Грција

од Vladimir Zorba

  Владата денеска во рамки на 53-тата седница донесе одлука за преименување на автопатот „Александар Македонски“ и на аеродромот „Александар Велики“.

– Владата на денешната 53-та седница донесе одлука автопатот А1 од граничниот премин Табановце до граничниот премин Богородица, да се преименува во „Пријателство“. Исто така министрите на денешната владина седница ја прифатија одлуката аеродромот „Александар Велики“ од сега да го носи името Аеродром „Скопје“, стои во соопштението од Владината прес-служба.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар,  кој присуствуваше  на седницата заради презентација на Стратегијата на ЕУ за Западен балкан, гио поздрави двете одлуки.

– Овие две одлуки се одлична вест. Покажуваат дека оваа Влада е сериозна во носењето одлуки. Но, ја покажува и решеноста да најде решение за спорот со Грција, истакна амбасадорот на Европската Унија, Самуел Жбогар.

Тој денеска презентирајќи  ја стратегијата на Европската Унија за Западен Балкан, истакна дека Република Македонија во последните неколку месеци бележи значителен прогрес. Меѓу другото, Жбогар рече дека проширувањето на ЕУ е во интерес на Унијата и дека таа ќе биде посилна ако е поголема.

Слични содржини