Струшкиот градоначалник Зијадин Села денеска и формално беше избран за претседател на Движењето за реформи на ДПА. Но овој избор на паралелниот конгрес на ДПА не значи и крај на неговата битка за преземање на партијата.

 

 

Села најави дека прво ќе се обрати до, како што го нарече, поранешниот претседател на партијата Мендух Тачи за да ги врати печатите. Доколку не го стори тоа битката за партијата ќе заврши на суд каде што Села смета дека сите аргументи ќе бидат на негова страна. Во случај да не ја добие судската разрешница Села најави формирање на нова партија.

 

Зијадин Села по изборот за градоначалник во 2013 година.

Пред 617 делегати кои гласаа за неговиот избор Села вети дека ќе работи на реализирање на платформата на Арбен Џафери и дека нема да се откаже од нејзините принципи само поради некој тендер или за да влезе во владата.

Верувам во успехот на оваа опција што ја нудиме. Не се плашам дека за неуспех. Треба да се срамат оние кои не доведоа во ваква ситуација. ДПА ќе биде вистинска опозиција, кога ќе преговара не само за обединување на сите опозициски албански партии туку и со сите граѓани кои не мислат како власта, изјави Села./ИЗВОР Утрински

Слични содржини