Вчерашната седница ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска ја претворија во циркус, наместо таа да биде посветена на советнички прашања, обвини координаторката на советничката група на СДСМ во Советот на град Скопје, Љубица Јанчева.
Таа вели дека на ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска поважни им се микрофонот и копчето за исклучување на микрофонот од развојот на Скопје и интересите на скопјани.
-Додека тие се расправаат за микрофони, но и за тендер од 136 милиони евра, за провизии и влијанија, се случи Скопје прв пат во историјата да остане без јавен превоз, обвини Јанчева.
Таа додава дека со актуелната градска власт „нема бесплатен јавен превоз, нема ниту еколошки автобуси и наместо паркови никнуваат депонии“.
-Градската власт на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Данела Арсовска го уназадија Град Скопје, не реализираа ниту едно ветување, изјави советничката од СДСМ.