Ќе бидат санкционирани сите кои направиле пропусти, велат од Правда за неспроведувањето на Мијалков

од Nikola Popovski
213 прегледи

Министерството за правда информира дека ќе бидат преземени сите активности и ќе се направи вонреден надзор во затворот во Струга за утврдување на фактичката состојба околу неспроведувањето на Сашо Мијалков во судница.

-Управата за извршување на санкции ќе утврдува одговорност и ќе бидат санкционирани сите кои направиле пропусти, намерни или ненамерни. За извршениот вонреден надзор, јавноста ќе биде дополнително информирана, соопштија од Правда.

Денеска се одложи закажаното рочиште за предметот „Титаник 2“ во кој е обвинет поранешниот шеф на тајната полиција. Причината за тоа е бидејќи Мијалков не бил спроведен од КПД Струга, каде ја издржува затворската казна за „Империја“ по склучената спогодба.

Случајот „Титаник 2“, каде што меѓу обвинетите покрај Мијалков, се и лидерот на ДПА Мендух Тачи и четворица поранешни членови на Државната изборна комисија, беше вратен на повторно судење во Основниот кривичен суд, откако Апелација ги укина првостепените пресуди.

Со првостепената пресуда, Мијалков доби 3 години затвор, а на 3 години и 2 месеци беше осуден Мендух Тачи.

Слични содржини