Ќерката на Рис Витерспун ја дочека Новата година во болница (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
311 прегледи

Ава Филипе, ќерка на позната актерка Рис Витерспун, доживеала незгода.

Таа сподели фотографија на која се гледа дека во болница ја третираат од повреда со која се здобила на новогодишната ноќ.

„Ја започнувам новата година со голем тресок… Па, всушност, со пукање на зглобот. Сè се случи затоа што бев смотана и сакав да скокнам преку многу голем вир и тоа со високи потпетици. Многу сум благословена што ја имам мојата одлична пријателка Џејден во животот. Ме смееше цело време додека чекавме, а единствениот пат кога ме остави сама беше кога отиде да ни земе удобна гардероба. Те сакам Џеј“, напиша таа.

Да потсетиме, Рис ја доби Ава со колегата Рајан Филипе.

Слични содржини