Ѝ се слошило на мајката на Бове кој колабираше на терен: Италијанците открија нови детали од драмата

од Nikola Popovski
60 прегледи

Фиорентина објави позитивни вести за развојот на здравствената состојба на Едоардо Бове, кој се онесвести на натпреварот против Интер, додека италијанска „Газета“ презентираше нови детали од драмата.

Фудбалерите на Фиорентина и Интер се сретнаа во натпреварот од 14. коло на Серија А, но истиот беше прекинат бидејќи колабираше фудбалерот на Фиорентина.

Се се случи во 17. минута, кога домашниот играч за врска ги врзувал врвките од копачките, по што одеднаш се онесвестил.

„Газета“ донесе нови детали од драмата, а тоа е дека на неговата мајка Тања ѝ се слошило поради целата ситуација. Како што пренесува италијанскиот весник, мајката на Бове била однесена во болница во придружба на градоначалничката Сара Фунаро.

Фиорентина се огласи за ситуацијата на Бове.

„ФК Фиорентина и Универзитетската болница Кареџи соопштуваат дека фудбалерот кој беше спасен на теренот откако ја загуби свеста, моментално е под фармаколошка седација и е хоспитализиран на интензивна нега“, објави тимот од Фиренца, додавајќи дека е свесен и дише без помош на машина за кислород.

Брзината на одговор на медицинскиот персонал беше клучна во оваа ситуација, покажувајќи ја важноста да се биде подготвен во случај на итни медицински интервенции за време на спортски настани.

Натпреварот во Фиренца беше прекинат и не беше продолжен бидејќи јасно дека на никој не му беше до фудбал.

Бове од летово е член на Фиорентина откако дојде на позајмица од Рома.

Слични содржини